Како и многу пати низ вековната историја , милостивиот Бог Исус Хрстос , по молитвите на светителите и многубројниот народ ќе не` избави од пандемијата.
Охриѓани силно веруваат во чудотворната, исцелителна моќ на двата светители кои живееле на брегот на Охридското езеро. Свети Климент Охридски патрон на Охрид и Свети Наум Чудотворец.

-„Во 1910 година во Охрид имало колера, црковните лица со литија ги прошетале моштите на Свети Климент и така го ослободиле градот од таа лоша болест Така и во 19 44 година кога германскиот конадант сакал да го бомбадира Охрид , луѓето од градот собрале злато и на крај го ставиле крстот на Свет Климент а неговата моќ го спасила градот“, раскажува историчарот на ументост Данче Матова во изјава за МРТВ.
