Дали се опуштаме и затоа е зголемен бројот на прекршителите на полицискиот час?
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид „во текот на изминатото деноноќие (26/27.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно девет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Кичево-2, Дебар-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Димоски потенцира дека на „подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 103 лица во изолација (Охрид-69, Струга-23 и Кичево-11). Од страна на полициски службеници извршени се 80 контроли врз лицата во изолација (Охрид-69, Кичево-11). Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 300 лица (Охрид-29, Струга-239, Кичево-16, Дебар-16). Врз овие лица, извршени се 50 контроли (Охрид-23, Кичево-11, Дебар-16). Полициските службеници извршија 24 контроли на угостителски објекти“.
