Охриѓанец фатен со хашиш.
На 13.05.2020 околу 11 часот во СВР Охрид , приведен и лишен од слобода е З.К.(28) од охридското село Лескоец. Кај него, при извршен преглед, полициски службеници пронајдоа и одзедоа поштенска пратка со две најлонски кесички со опојна дрога хашиш. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид.
