Се крши полицискиот час ама и се апси

Пред два дена 9 а вчера 5 охриѓани се приведени за кршење на полицискиот час.

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, пет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-5).
– Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 33 контроли врз лица во изолација, 28 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-10, Струга-11, Кичево-6, Дебар-1) и 61 контроли на угостителски и други објекти, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани