Од утре нема полициски час, од четврток се отвораат рестораните

Владата одржа седница на која се разгледуваа мерките за олеснување на вонредните мерки , воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Спасовски соопшти дека врз оснва на некои исполнети услови ,анализите и препораките престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки. Од утре престанува забраната з адвижење низ Македонија , а од четврток почнуваат да работат терасите на угостителските објекти. Од 1. јуни орекинува важењето за мерките донесени како дел од вонредната состојба. Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа. Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација . Одлуките се донесени зашто македонското здравство добро се справи со пандемијата на коронавирусот , а зад нив има две суштински причини и тоа состојбата со епидемијата е под контрола. Зголемениот број е резултат на одредени непочитувања на мерките во претходната фаза. Во наредниот период ќе има нагласена примена кон жариштата . Втората причина е што капацитетите и знаењето на здравствените работници достигнаа високо стручно и професионално ниво и подготвеност и системот е подготвен да одговори.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани