Полесно повредена е жена-сопатник.
Вчера во 09.15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Песочан и Ново Село, случена е сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (56) од Охрид.
– Во незгодата со повреди се здобила В.С.(51) од Охрид-сопатник во возилото, на која и била укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ а увид изврши екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
