Охридската полиција приведе двајца охриѓани.
Синоќа околу 21 часот и 30 минути, во СВР Охрид приведени и лишени од слобода се Н.М. (45) и Е.Ш.(40), двајцата од Охрид. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, „двајцата се затекнати во патнички автомобил „БМВ“ на улицата „Васил Стефоски“ во кое, при преглед пронајдена и одземена е најлонска кеса со опојна дрога марихуана“.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
