Охридската полиција казнува за неносење маски и контролира лица во (само) изолација.
Во текот на изминатото деноќие, полициските службеници, издале 151 прекршочен налог на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-62, Струга-43, Кичево-38, Дебар-08).
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 104 лица (Охрид-39, Струга-45, Кичево-20). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 61 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 20 лица (Охрид-11, Струга-5, Кичево-1, Дебар-3).

– Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 138 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-42, Струга-38, Кичево-46, Дебар-12), изјави портпаролот Димоски.
