СВР Охрид: Носете заштитни маски, да нема казнувања

Охридската полиција апелира да го заштитиме здравјето но и да нема казни.

СВР Охрид упатува апел до граѓаните да се почитуваат одредбите за заштита од Корона вирусот а пред се да се носат заштитните маски.
Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, информира дека во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, „полициските службеници констатирале 111 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-31, Струга-37, Кичево-35, Дебар-08). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид -19“.
Димоски додава дека во истиот период, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, четири лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-3,Кичево-1). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 215 лица (Охрид-90, Струга-103, Кичево-22). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 143 контроли (Охрид-61, Струга-63, Кичево-19). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 116 лица (Охрид-21, Струга-46, Кичево-13, Дебар-46). Врз овие лица, извршени се 72 контроли (Охрид-12, Струга-17, Кичево-11, Дебар-32). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 70 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-42, Струга-03, Кичево-13, Дебар-12), изјави Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани