Нарушувањето се случило во кафиќ.
На 23.06.2020 околу 21 часот во полициската станица Струга, добиена е пријава дека во угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.Ќ. од струшкото село Велешта врз Л.Д. (30) од Охрид. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
