Изборната кампања продолжува. Денес ВМРО ДПМНЕ ќе ги претстави своите кандидати пред граѓаните на Струга, а СДСМ во Охрид .
Вечерва од 19 часот на Малиот плоштад кај старата библиотека во Охрид, СДСМ и коалицијата ,,Можеме” ќе одржат Граѓанска трибина. На трибината ќе присуствуваат: Зоран Заев, претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска и Јован Митрески, носители на ИЕ-5, како и кандидатот за пратеник Лазе Таневски, информираат од СДСМ.
Вечрва во 17ч ВМРО ДПМНЕ ќе ги претстави своите кандидати за претеници во Вевчани, а во 18 30ч во Струга.
