ВМРО од Охрид ја стартуваше изборната кампања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва се обрати во Охрид на првиот митинг на коалицијата „За обнова на Македонија“ каде што пред присутните истакна дека 15 јули е денот кога граѓаните масовно рамо до рамо ќе застанат и ќе ја поразат тригодишната пандемија која што ни се случуваше во Македонија од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе си ја обноват заедно Македонија.

 

– Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и против една нова енергија која што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија“. Јас сум убеден во мудроста и поддршка на народот. Стојам нескромен и реален и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Македонија е понижена и омаловажена, а Македонецот се чувствува како граѓанин од втор ред, држава во која што за жал имаме невредности, а неправдата и невистината царуваат, а од другата страна политичари кои велат дека можеле.

– Да точно. Можеа за три години да направат нешто но не направија. Направија само една работа го исполнија ветувањето дадено далечната 2008 година кога Заев рече да си ја свиткаме кичмата. Тоа е единственото ветување кое го исполнија. Може да направат подобар договор и да не ни го земат достоинството и честа. Да не ја навредат крвта и коските на оние јунаци наши предци кои што живот даваа за оваа земја. Можеа но не го направија тоа капитулираа. Затоа сме ние тука да го држиме тој пламен и да го засилуваме пламенот македонски да биде вечен да гори и да потсетува на нашата Македонија , онаа која што ја сонуваме, потенцираше Мицкоски.

-Токму оттука од Климентовиот Охрид започнува Обновата на Македонија. Денес ги земаме работите во свои раце, да ја победиме апатијата, да ги обновиме вредностите. Овие избори се референдум за иднината на Македонија и зависат од секој од нас, ова е шанса да им кажеме што мислиме на Заев, Шекеринска, Димитров и СДС, за се што направија досега, порача носителот на изборна единица 5 Игор Дурловски на денешниот митинг во општина Охрид.

Дурловски пред присутните истакна дека граѓаните изминатите три години се сведоци на најголемото национално предавство од страна на актуелната власт, но и на голем број на криминални скандали, злоупотреби на власта, непотизам и реваншизам.

-Нема време за импровизации, за игри и манипулации , ние нудиме проект кој обединува , кој дава насока за светла иднина. Следува период во кој ќе тече кампањата и во период во кој ќе допреме до секој искрен Македонец без разлика на националноста и верата и да ја раскажеме нашата приказна за развој на просперитетна Македонија, подвлече Кирил пецаков кандидат за пратник од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани