Казните за неносење маски се покажаа ефикасни

Казните ги натераа граѓаните да носат заштитни маски.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 31 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-03, Струга-06, Кичево-22).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти, изјави портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.


Портпаролот Димоски, упати апел до граѓаните да носат заштитна маска заради поефикасна превенција од Ковид 19.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани