38 казни за неносење заштитни маски

Охрид со 22 казнети, Струга со 12 и Кичево-04.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 38 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-22, Струга-12, Кичево-04).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, изјави м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.


Димоски додаде дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 38 контроли врз угостителски и други објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани