Во сообраќајка тешко повредена жена на мотор

Жената била пренесена во „Св.Еразмо“.

Вчера околу 14.30 часот во близина на бензинска пумпа на ул.„7 Ноември“ во Охрид, С.Б.(44) од Охрид, која управувала мотоцикл „јијинг“, со струшки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во незгодата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека „увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани