Дрвосечач тешко повреден кај Опеница

Тој итно е пренесен на скопските клиники.

На 21.07.2020 година во СВР Охрид, од страна на Планинарската спасителна служба при Црвениот Крст, пријавен е повреден работник во шумскиот појас над охридското село Опеница. При увид извршен на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека Н.Р.(30) од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење на дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума извршил погрешно насочување на дрво кое при пад, го повредило Б.И.(42) од Охрид, вработен во истата фирма.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека по целосно документирање на настанот, полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани