За прв пат во Охрид ново уникатно доживување, базен со морска сол во хотелот „Тино Свети Стефан“.
Покрај благодетите на синото езеро, кое плени со мир и хармонија, со солениот базен ќе се почувствувате како на море.
Хотелот „Тино Свети Стефан“ е идеален за семеен одмор. Рекреација за возрасни, но и забава за најмладите.

Располага со стандардни соби и семејни апартматни. Гостите имаат на располагање внатрешен базен, надворешен базен (сега со морска сол), спа центар со џакузи, сауна, парна бања, пинг понг, билјард, детско игралиште, проекција на филмови. Има и конференциски сали погодни за одржување настани.
-„Секако протоколите строго ги почитуваме како во хотелскиот, така и во ресторанскиот и во базенскиот дел. Нашата главна цел е задоволни и насмеани гости кои ќе заминат со незаборавни спомени и повторно ќе ни се вратат“, вели Борис Маркулески сопственик на хотелот.
Хотелот се наоѓа на 4 км од центарот на Охрид , во населбата Свети Стефан.
