Куче скитник нападнал вработен во кампот Љубаништа.
На 02.08.2020 година во полициската канцеларија Пештани, И.С. (58) од охридското село Трпејца, пријави дека, извршувајќи работни задачи во авто кампот „Љубаништа“, бил нападнат од куче скитник. Притоа, се здобил со повреди на десната натколеница и бил префрлен во Општата болница во Охрид.
