Непознат возач урил во паркирано возило и избегал.
-На 02.08.2020 година околу 15 часот, на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознато возило, удрило во паркиран автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. (19) од Скопје. По ударот, возачот го напуштил местото каде ја предизвикал сообраќајната незгода.Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
