Гордост на Македонија: 60 години „Охридско лето“

Во сосема поинакви околности, надвор од вообичаениот термин, со строги придржувања кон протоколите за заштита од ширење на коронавирусот, вечерва на Антички театар  ќе биде отворено годинешното јубилејно 60-то издание на нашата најпрестижна музичко сценска манифестација, Фестивалот „Охридско лето“.

 

Отворањето на ова фестивалско издание ќе биде во знакот на основоположничката на „Охридско лето“, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, на самиот фестивалски роденден кога во далечната 1961 година првенката на македонската Опера ја создаде магијата наречена „Охридско лето“. Свеченото отворање на фестивалот со концертот насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“ ќе се одржи на Античкиот театар, каде на фестивалската сцена ќе прозвучат познати арии во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.

-Посебно сме горди што оваа година приоритет им дадовме на нашите македонски уметници, оркестри, театарски куќи. Тоа секако е доказ дека токму тие се столбот на нашата уметничка вредност. Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметност, на македонските композитори и изведувачи.

Секоја година, на својата програма Фестивалот вклучува врвни домашни изведувачи кои стојат рамо до рамо со оние светските, но е и сцена за најдобрите претстави на нашите театарски куќи, истакна Поповиќ.

Музичката програма на  „Охридско лето“ оваа година содржи 26 концерти, од кои два вофестивалската офф-програма, појасни музичкиот фестивалски селектор Даница Стојанова.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани