81 казна напишала полицијата за неносење маски.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 81 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-50, Струга-13, Кичево-16, Дебар-02).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

Димоски посочи дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 09 контроли врз угостителски и други објекти.
