Светски познатиот пијанист од Хрватска, кој со години живее и твори во Америка, Кемал Геѓиќ, три пати менувал авионски билети за да настапи на Охридско лето.
Здравствената криза, пандемијата, откажаните летови, напорното патување , дури и одењето во самоизолација не го предомислија да присуствува на 60 то издание на најпрестижната културна сценска манифестација во земјава.
Според него фестивалот „Охридско лето“ годинава направи херојски напори да внесе позитивна енергија во овие тешки времиња.

„Организирањето на еден фестивал денес во вакви околности е навистина херојство, особено во пандемијa кога секојдновено се откажуваат летови. Ете мене ми беа откажани неколку лeтови за доаѓањето овде. Морав да менувам карти три пати. Да не зборуваме за рестрикции од здравствена природа. Мислам дека висина е херосјки чин да се одржи фестивалот. А јас не сакав никако да го пропуштам“, вели Кемал
Геќиќ е голем вњубеник во Охрид, во минатото доаѓал и останувал во охридските хотели со месеци.

–„ Јас прв пат тука дојдов 1985 година и повеќе пати сум учевствувал на фетсивалот, но не во последно време. Враќањето овде е емотвно имам многу пријатели во Охрид и самиот град не знам кој епитет да го најдам да го опишам да речиме дека тој е еден архитектурно природно историски бисер еден драгоцен камен и едно свето место одбрано од старите времиња да се изградат тука стотина храмови. Има посебна геомагнетска позиција“, додава Геќиќ.
Познатиот пијанист, кој е редовен професор на универзитетот во Мајами, утре од Македонија оди во Хрватска, каде има настап на фестивалот во родниот Сплит, а потоа во самоизолација во Америка.
„Универзитетот каде работам престана да работи уште пред три месеци имавме нешто онлајн, но школската година завршува во април. Јас со обзир дека ништо не работам моменатлно и нема што да се прави секако ќе бидам дома“, додава Геќиќ.
Сцената на катедралната црква „Света Софија“ синоќа беше сведок на уште едно незабораво музичко доживување.
Новинар Соња Рилковска
