Командантот на вооружените сили на Кралството Холандија адмирал Роберт Бауер во придружба на македонскиот Генерал-потполковник Васко Гјурциновски, го посетија Музејот и работилницата за Охридски бисери Филеви.
.jpg)
„Покрај непроценливите културни и природни реткости на Охрид и Македонија Бауер го запознавме со традицијата,историјата,техниката на Охридскиот Бисер. Се потсетивме на времето и ја погледнавме сликата и репликата на моделот во музејот кој го изработил мојот дедо Михајло Филев ,кога во 1958 год. Јосип Броз Тито и го подарил на Холандскста Кралица Јулијана како посебен симбол и бренд на тогашната бивша Југославија од Македонија“, вели Михајло Филев.
.jpg)
Најпознатиот изработувач на оригинални охридски бисери, семејството Филеви речиси еден век достоинствено ја презентираат македонската култураширум светот.
.jpg)
