Објавен јавен повик до невработени за вклучувње во општо корисна работа.
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:
Јавен повик до невработени евидентирани лица за корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Отворени можности за еднакво образование за сите деца” за работно ангажирање со скратено работно време за период од
- 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
- 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
- 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
- 6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
- 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
- 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-лица кои подолго време немаат работа и потешко се вклучуваат во пазарот на трудот;
-самохрани родители;
-семејства со три и повеќе деца;
-родители на деца со интелектуална попреченост
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- Образовен асистент – 6 извршители со завршено високо образование – Филозовски факултет (дефектолог, психолог, педагог) и сите останати професии со завршени наставни предмети.
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Охрид кај лицето Кети Росиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид кај лицето Маја Ташева Биткоска, Центар за социјална работа Охрид кај лицето Мирјана Врангалоска.
