Со театарската претстава Бог на масакарот на турскиот театар Скопје вечерва се спушта завесата на најпрестижната културна манифестација во земјава , фестивалот „Охридско лето“.
И покрај пандемијата ова фестивалско издание докажа дека може да се организираат културни настани со доследно почитување на здравствените препораки.
Публиката задоволна, особено стручната критична јавност , велат јубилејното издание на „Охридско лето“ внесе свежина, многу радост, аплаузи и овации во овие тешки времиња. Задоволни и организаторите, комплетно ја спроведоа целата зацртана програма.Наместо 40, годинава имаше 26 фестивалски днеови, so вкупно 36 музички и театарски настани.
–„Поминавме многу добро ги спроведовме сите мерки кои што подразбираат мерење на телесна температура, држење на дистанца и користење на средства за дезинфекција. Ме радува фактот што сите уметници пред сеѝ од нашата земја имаа прекрасни концерти без никавви проблеми а исто така и сите ументици од странство беа спроведени и имаа фантастични изведби. Секоја вечер на свој начин беше различна убава, Најважно ни беше здравјето на публиката, на ументиците и нашето здравје“, вели Наташа Поповиќ директор на фестивалот „Охридско лето“.
На сцените , Антички театар, Долни Сарај, Предворје Света Софија блеснаа 26 музички и 10 театарски приказни. Не беше лесно да допатуваат странските ѕвезди во време на рестрикции и откажани авио летови. Гостите од далечните земји патуваа со денови, чекаа по аеродроми , но ниту еден не откажа да биде дел од фестивалот „Охридско лето.
–„Јас многу храбро почнав да ја правам програмата , би рекла храбро и амбициозно зато шт поканив врвни уметници и од САД од Русија, Европа, од нашето соседство. Најмногу се плашев како ќе пристигнат гостите од прекуокеанските земји се случи во еден ден, ете да ви кажам како анегдота тројцата најважни им го откажаа летот во истиот ден, меѓутоа останавме ладни се реши тоа следниот ден“ , вели Даница Стојановска музички селектор.
Стотици врвни македонски и светски уметници и годинава оставија белег на ѕвезденото небо на Охридско лето.
Новинар Соња Рилковска
