400 апликации за субвенции за велосипед во Охрид

Голем интересот за субвенционирање на велосипеди во Охрид.

До денес поднесени се 400 апликации. 

Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.
Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.Доделувањето на средствата ќе се врши по принцип “прв купен велосипед“ во периодот од 13.05.2020 год. (од датумот на објавувањето на првиот повик) па се до денот на завршување на повикот.

Ова е втор повик за субвенционирање на велосипеди од општина Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани