На ден 10.09.2020 година во 07.45 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, се случил пожар во патнички автомобил „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Г.од Охрид.
Пожарот се појавил во предниот дел од возилото кое било во движење и бил изгаснат од Теиторијалната против пожарна единица од Струга. Нема повредени лица а причинета е материјална штета.
