Мувлосаа вредните мозаици во охридската Света Софија

Мувлосаа и позеленеа мозаиците во катедралната Света Софија. 

Заради несоодветно чување и презентација, влага и недоволна циркулација на воздух,  мозаиците  кои го краселе  оригиналниот под на   црквата   во 11 век,   денес се потемнети и валкани.  Вредните  артефакти  се чуваат во две сонди под стакла  во наосот на црквата.

Промената на бојата ја  пријавија   граѓани, а   увид на лице место извршија  конзераваторите на Завод и музеј Охрид.

„Тука во две сонди во наосот од црквата е ппрезентиран дел од оргииналниот под кој бил декорација на катедралната црква и презентиран е во едни неадекватни според мене услови на кои треба да се интервенира сега и да се создадат практични услови кои би овозможиле малку поголема циркулација на воздух со цел да се одвлажнува тој дел и да не може да се развиваат вакви микроорганизми“ , вели  Никола Упевче конзерватор од Завод и музеј Охрид.

Стручните конзерватори ќетреба  да извршат детално чистење,  а потоа  соодветна презентација на вековните бесценети мозаици.

„Ние би можеле сега да го исчистиме и да направиме еден проект  заедно во соработка со архитектите бидејки ова  е една градба каде што треба да се интервенира со цел да се добие поголема  циркулација на воздух, подобро осветлување за да се претставителни, подобро зачувани и презентирани“, додава Упевче.

Црквата Света Софија со нејзината средновековна архитектура и фрески, кои се сметаат за вистински ремек дела во светот  е една  од најзначајните знаменитости во земјава .  Потребна е поголема грижа, како и  континуиран мониторинг и одржување на сите заштитени  културно историски споменици низ Охрид.  велат експертите.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани