Рекорден број интервенции на Планинската Спасителна Служба во Охрид.
Пандемијата , која е причина за зголемено присуство на граѓаните во чистата планинска природа го зголеми бројот на несреќи и интервенции од страна на спасителите.
Во последниот случај пред неколку денови успешно беше пронајден маж кој се изгубил на планина во струшко. Лицето само се движело, било изгуебно , дехидрирано, со 5 проценти батерија на мобилниот телефон . Среќа е што бил пронајден преку системот за лоцирање и бил брзо евакуиран.

– „ Годинава заради пандемијата очекувавме намален број на интервенции, но се случи обратното. Се случи поголема активност на домашните туристи и масовни посети на планините и на отворен простор, а со тоа се зголеми и бројот на несреќи“. вели Антонио Додевски,раководител на Планинска Спасителна Служба
Изгубени, дезориентирани, паднати и повредени во провалија се најчестите интервенции на планинската служба. Од таму апелираат посетителита да бидат повнимателни.
„Луѓето да ги почитуваат основните начела за безбедност, движење во групи најмалку 2 лица, носење мобилни телефони со полни батерии, соодветна опрема за условите кои владеат, доволни количини храна и посебно течности во летниот период “, додава Додески.
Од почетокот на годинава Планинската Спасителна Служба имала 8 успешни интервенции во планините во Југозападниот регион во земјава. Тимот за спасување на планина во изминативе 18 год направил стотици успешни нтервенции.
Новинар Соња Рилковска
