Моторциклист тешко повреден кај Рача

Во сообраќајката тешко е повреден 45 годичен маж.

Клучките на патот од Охрид кон Св.Наум се исклучително опасни и сообраќајно небезбедни. Речиси и да нема лето, полно со тешки сообраќајки на овој патен потег. Летово, кај клучката за „Парк“, едно младо момче го загуби животот а пет беа тешко повредени. Опасна е и клучката кај населбата Рача, каде периодов наназад се случувале тешки сообраќајки со жртви. Овде, пред четири дена, моторциклист изгубил контрола и паднал, здобивајќи се со тшки телесни повреди а синоќа, нова сообраќајка кај Рача. Според полициското соопштение, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача, М.Б.(45) од Охрид, управувајќи мопед „кивеј“ паднал на коловозот.
Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен e увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани