Деновиве се реализираа работни активности за уредување на просторот пред влезот на подрачниот училишен објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“.
Поставени се нови плочки на пристапните скали и влезниот трем, а средствата за оваа намена се обезбедeни од буџетот на Општина Охрид.
Претходно, во овој подрачен училишен објект беше поставена нова табла со назив на училиштето, а во училишниот двор се поставија нови клупи и корпи за отпадоци. Исто така се изврши и реконструкција на оградата на спортското игралиште и беше изведено ново осветлување со рефлектори.

