Момче во притвор поради марихуана

20 годишното момче е во 30 дневен притвор.

СВР Охрид, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Него, одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена. При преглед извршен на 22.09.2020 година, полициските службеници, кај пријавениот пронајдоа и одзедоа пет најлонски паковки со опојна дрога Марихуана. Дополнително, при претрес во неговиот дом во Охрид, пронајдени се четири тегли со Марихуана.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани