Да им помогнеме на младите ученици кои немаат уреди, за да можат ја следат online наставата!
-Нашата организација и овој пат покренува иницијатива и ги поттикнува граѓаните да донираат и помогнат за подобра едукација на децата во Охрид и околината.
Вашите компјутери, лаптопи, таблети можете да ги донирате во кафе- барот Шила секој ден во нивното работно време, од каде потоа во контакт со директорите и професорите од училиштата ќе им бидат предадени на децата чии семејства не се во можност да им обезбедат електронски уреди.
Ги замолуваме сите кои ќе донираат, да ги достават уредите во исправна состојба и истите да не бидат постари од 10 години, односно да ги имаат функциите кои се потребни за да се следи наставата.
Апелираме и до оние кои имаат неисправни уреди, доколку се во можност да ги поправат и да ги донираат, апелираат од Културолошката иницијатива 5 до 12.
Акцијата ќе трае до 04.10.2020 (недела)!
контакт: 078 413 946
