И после шест години д ппоставувањето на камен темелник во село Извор се уште не се знае кога ќе заврши изграбдта на автопатот Охрид Кичево.
Според министерот, Благој Бочварски не може да се дадат рокови за делницата од 55 километри, но вели дека динамиката на изградба е во нагорна линија.
– Таму процентот на реализација по првиот проект, таков каков што е , го знаете сите, многу го дискутиравме, е 85 проценти, но после репроектирањето и сите додатни работи што се случија како клучки и нови косини некаде процентот на реализација е 55 отсто. Вчера на терен во Кичево имавме 230 градежни машини и 820 инженери и работници на Кичево – Охрид. Сакам да нагласам дека динамиката оди по нагорен тренд, но треба да се направи експропријација на сите придружни делници, вели Бочварски.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак вели дека има застој што се однесува до реализацијата на тој пат со изведувачот на работењето на овој европски коридор кој треба да не поврзе со Албанија.
– Ние скоро секојдневно контактираме со нив, за да го деблокираме тој застој и да почне реализацијата, чија реализација влијае и врз нереализацијата на капиталните инвестиции, смета Бектеши.
Завршницата на автопатот првично беше најавена за 2021 година. Сепак неколку години по почетокот на неговата изградба се утврдија сериозни пропусти во проектната документација, во која требаше да се додадат нови клучки и косини. Вредноста на првичните 400 милиони евра се искачи на околу 600 милиони евра.
