Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.
За период од 03 до 09 октомври 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 134 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 56 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 22 лица од општина Охрид, кај 32 лица од општина Струга и кај 5 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 14 лице од Охрид, 22 лица од Струга и 3 лицa од Дебар.
– Во овој период починати се 1 лице од Охрид и 4 лица и тоа од општина Струга
– Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 51, а во Дебар 34.
Од почетокот на епидемијата до 09 октомври 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1454 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 454 лица во општина Охрид и Дебрца, 708 лице во општина Струга и Вевчани и 292 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 391, од Струга се 592, а од Дебар и Центар Жупа се 243 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 21 починати пациенти, од општина Струга се починати 65, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица
