Кривична за охриѓанец, фатен со амрихуана во такси.
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(20) од Охрид. Кај него, при извршен преглед во такси патничко возило во кое бил со И.М.(38) од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана.
