Жител на Мислешево фатен со пет паковки кокаин.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.М.(38) од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ннеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Кај него, при преглед извршен на 11.02.2020 година на улицата .„Пролетерски Бригади“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пет паковки со кокаин.
