Доаѓаат тешки денови за туризмот

Доаѓаат тешки месеци за туристичкиот сектор. Дел од хотелите, угстителите и туристичките агенции ќе стават клуч на врата, прогнозираат добрите познавачи.

 

Есенскиот бран на епидемијата ќе донесе нови рестрикции, а со тоа не може да се планираат тури, прослави на Нова година и католички Божиќ.

„Следните месеци нема да има гости од регионот, нема да има тури, нема да се организираат прослави за Нова година и католички Божиќ, семинари нема да има поради ограничувањата за собирање. Неколку меѓународни семинари веќе се откажани. Ќе изостанат туристи од Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија затоа што луѓето нема да се чувствуваат сигурни и слободни за да патуваат“, вели Блажески.

Додава дека овој октомври хотелите во охридско – струшкиот регион имаат само 10 отсто исполнетост. Очекува дека во претстојниот период дел од нив ќе затворат.

„Хотелите ќе мора да затворат, затоа што нема гости. Да помине зимата, па потоа ќе видиме дали ќе стивне пандемијата и од месец март ќе видиме што понатаму. Некој мал дел од работниците чии договори ќе завршат може да останат без работа“, рече Блажески.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани