Завчера, полицијата казни 55 а денеска 74 граѓани.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 74 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-12, Струга-20, Кичево-26, Дебар-16).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

