Родителите на охридскиот градоначалник Константин Георгиески позитивни на корона , тој и семејството во самоизлоација.
И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19.
За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика.
Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација.
Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита, објави георгиески на својот официјален фејсбук профил.
