Најновата книга есеи теорија и критика со наслов „Медитерански есеи“на писателот Разме Кумбароски излезе деновиве од печат.
Кумбаровски е автор на над триесет книги поезија,романи,есеи,избори,критики,дел од нив објавени и во Србија,Хрватска,Босна и Херцеговина,Албанија,Турција,Украина,Бугарија,Романија,Кипар.Застапен е во повеќе антологии.
.jpg)
Книгата започнува со латинската поговорка:„Каде се пријателите,таму е богатството“,а во предговорот писателот Веле Смилевски ќе забележи дека „Медитеранските есеи“се надоврзува на неговите претходни есеи и критики,„По патот“,„Минатата година во Енхалон“.
Книгата е составена од три циклуси.Во првиот циклус се застапени двасеттина македонски автори како:Блаже Конески,Матеја матевски,Гане Тодоровски,Миладиновци,Прличев и др.,а во вториот дел се застапени автори од странство;Јосип Јуриј Штросмаер,Хелена Сабиќ – Томиќ и Горан Калоѓера (Хрватска),Петар Андосаров (Бугарија), и др.
Третиот циклус на книгата носи наслов„ Во бескрајност“.
.jpg)
Разме Кумбароски е современ македонски писател.поет,критичар,романсиер,есеист,преведувач,научен работник,музичар.Роден 1944 година во Струга,завршилФилолошки факултет во Скопје.Во 1880 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб.Заедно со Димитар Дурацоски е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност„Форма“.Долгогодишен секретар на Националната установа Струшки вечери на поезијата и директор на истата Институција.Основач е и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“-Струга.Добитник на многубројни Меѓународни награди и Повелби.
Член ена ДПМ од 1987 година.
Текст и фото Стојан Кукунешоски
