Струга инспирација за светски ументици, Лида Шерафатманд две години твори во градот на мостовите

Лида Шерафатманд  е признаена светска уметница,  која  веќе две години живее и твори   во Струга.

Родена во Иран, кога започнала војната, на  свои три години ја нацртала првата слика со порака за мир. Тогаш се иселиле, пораснала во Малта,  каде учела уметничко училиште,   а  студирала  меѓународни односи, бидејќи сакала да ги разбере  конфликтите помеѓу  земјите.

Пред две години случајно дошла на симпозиум во Струга,   но  се вљубила во  синото езеро и  лебедите, па одлучила  да живее тука.

-„Струга ја поттикнува мојата креативност, можам да се концентрирам, да читам книги да прошетам кога сакам,  се инспирирам прирорадата е преубава, тивко е, воздухот е свеж. Многу сум задоволна“ , вели Лида Шерафатманд  уметничка.

Стопанската комора на Лихтенштајн деновиве издаде комеморативна  марка   од слика на   Лида. Ова е втора официјална  марка насликана во Струга, првата ја направи владата   во Кина.

„ На сликата е сончоглед која ја карактеризиrа нашата автентичност. Ова е втора официјална марка која е исппечатена од моја слика. Владата на Кина ја избра мојата слика, исто така  нацртана во Струга и ја направи првата марка,  за прославата на Денот за културни односи“,  додава Лида Шерафатманд.

Најмногу ужива да ги црта автентичните цвеќиња од струшко и Јабланица. За нив подготвува посебна изложба следната година во Амстердам. Колекцијата на слики ќе ја подари на Музејот Доктор Незлобински  во Струга.

-„Таа колекција ќе припадне на музејот во Струга. Ќе биде пренесена во Амстердам во музејот за време на изложбата и ќе биде вратена во Македонија. Многу ме инспирираат цвеќињата овде , мала земја а толку многу разновидни цвеќиња, вистинско богатство“ , вели уметницата.

Шерафатманд е  повеќекратно наградувана  меѓународна уметница, која ги изложува своите дела од 22 години. Бидејќи раното детство и минало  во војна и револуција,  денес таа е посветена на мирот во светот и користи цвеќиња за да испрати порака на топлина и љубов.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани