Неодама, официјално беше формирана Алијансата готвачи на Слоу фуд Македонија. Во неа членува стружанецот Пеце Клечкароски заедно со уште десетина готвачи од земјава.
Станува збор за мрежа на готвачи кои го бранат биодиверзитетот на храната низ целиот свет. Револуционерни кулинари , кои во своите специјалитети користат локално овошје, зеленчук и сирења, односно и поддржуваат малите производители.

„Акцентот на моето готвење го ставам токму на македонсата традиционална кујна само што создавам една помодерна верзија, еден друг левел на креативност во изработката на таа храна. Работам типична македонска кујна најчесто ги користам намирниците кои го отсликуваат ова поднебје и преку тоа сакам да ја проектирам и самата култура која произлегува од нашата традиција“, вели Пеце Клечакорски член на Асоцијацијата Слоу фуд.
Овие револуционерни готвачи, имаат неколку едноставни правила кои вклучуваат соработка со земјоделци и одгледувачи кои го зачувуваат биодиверзитетот. Филозофијата на Слоу Фуд е купување директно од локалните производители, користење на сезонски производи, кои се чисти и еколошки .
.jpg)
„Слоу фуд е светска асоцијација која се залага за поттик и поддршка на локалните производители на храна на земјоделците кои создаваат храна поинаку од индустрискиот начин. Значи слоу фуд е мрежа која не поддршжува сите нас од земјоделци до занаетии мали производители на храна и не промовира насекаде во светот’, додава Клечкароски.
Алијансата на готвачи на Слоу фуд Македонија засега брои десет готвачи и верни поддржувачи на Слоу Фуд, но ќе биде отворена и за други идни членови. Засега велат немаат никаква поддршка од државата но очекуваат во иднина да добијат повеќе внимание.
Новинар Соња Рилковска
