Охриганец фатен со кокаин на патот Струга Дебар.
На 27.10.2020 година во 19.15 часот, во близина на деловен објект лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен врз Т.Р.(29) од Охрид, кој бил во патничко возило „пежо 206“, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
