Повредените се пуштени на домашно лекување.
На 21.11.2020 година во 06.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „Форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца и „Форд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од кичевското село Вранештица.
– Двајцата возачи се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, тие се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
