До крајот на годинава ќе бидат пуштени првите 20 километри од автопатот Охрид Кичево.
Засилено се работи на доизградба на овој значаен патен правец.Отстранети се сите проблеми , проектирани се нови осум клучки кои недостасуваа, цели 25 % од трасата е репроектирана.
Моментално 800 работници и над 450 градежни машини секојденвно работат на патот.
–„Во овој момент автопатот чини 598 милиони евра за 185 милиони евра беше склучен анексот на договорот заради репректирањаа но важно е дека анексот коj е донесен е направен по пазарни цени“ , изјави Благоја Бочварски министер за транспорт и врски.
Доцнењето на изградбата на автопатот се должи на репроектирањето на трасата кое предизвика нова експропријација на земјиштето.
-„Со новото проектирање се зафатени ископи нa земја од 12 милиони метри кубни тоа не е само временски и финаскиски , финансии има државата за овој автопат , тоа се градежни зафати кои бараат реално време но се движиме во нова насока“ , додаде Бочварски.
Изградбата на автопатот Охрид Кичево започна во 2014 година, според планот требаше да заврши во 2018, но до денес се уште не се знае кога ќе биде готова модерната сообраќајна делница. Според првичниот проект автопатоот требаше да чини 374 милиони евра, денес цената достигна скоро 600 милиони.
Новинар Соња Рилковска
