Полицијата ги казнувала возачите што пребрзо возат.
Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на 03.01.2021 година, на подрачјето на СВР Охрид беа извршени зајакнати акциски сообраќајни контроли.
– Притоа, во Охрид беа констатирани 30 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено и надвор од населено место, во Кичево, вкупно 4 возачи на патнички автомобили управувале со поголема брзина од дозволената а во Дебар биле затекнати 16 такви возачи, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски соопшти и дека „полициските службеници во Струга, регистрирале 12 возачи кои управувале патнички возила над дозволената брзина и еден возач кој бил под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и одземени му се возачките документи а на останатите, изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Полициските службеници не затекнале возачи кои вршат јавен такси превоз на патници без лиценца за таква дејност“.
