Во минатото се водела многу поголема грижа за рибниот фонд во Охридското езеро

Во минатиот век шест доктори  биолози  будно   ја следеле состојбата со рибниот фонд на Охридското езеро.  

Научната установа Хидробиолошкиот завод од Охрид  го евидентирала секој улов на риби. Се мерела тежина, должина,  старост за што годишно  се подонесувале  извештаи  до тогашното Собрание.

Рибарите строго ја почитувале забраната за риболов,  по завршувањето на татиљот во една ноќ се ловеле  и  три тони риби.  Годишно езерото се порибувало со  20 милиони единки салмонидни риби, кои  се произведувале во сопственото мрестилиште на Хидробиолошкиот завод.

„Нашите претци  укажувале и ревносно го чувале онолку колку што треба уловувале , но за жал денеска сведоци сме на бројни акции во кои се заппленуваат мреи кои на диво ловат, вели Никола Митровиќ в.д директор на Државен Архив Охрид.

77 годишниот  Љупчо Чаулев е охриѓанецот, кој може да се пофали со  најголемата уловена  пастрмка во Охридското езеро, во далечната 1971 година тешка 22 килограми. До ден денес не е уловена поголема  риба.

„Не можевме да ја измериме со обичната вага и позајмивме еден кантар.  Татко ми од 1936 година откако почнал  да работи во Хидробиолошкиот завод и на научен план и на апликативна дејност мрест татко ми не видел таква големина на риба“  ,се присетува Љупчо Чаулев од Охрид.

Со рибарство се занимавале  голем број охридски семејства.

„ Рибарите поврзани со езерото рибарите се дел од таа традиција.  Можам гордо да кажам дека мојот предок Горги Филев Џоџе кој е опеан и во народната песна Бог да бие Русе твојта мајка што не те дава за Џоџета од Филевци. Тој бил еден итересен лик“,вели Михајло Филев.

Риболотовот е забранет,  но  езерото го пустошат рибокрадци. Ендемичните риби се на работ на истребување, денес рибарскиот алат на  старите рибари  стои за спомен и сведочи за едни убави времиња.

Новинар Соња  Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани