Контролите и казните биле во изминатото деноноќие.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 22 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-05, Струга-02, Кичево-13, Дебар-02).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 61 контроли во угостителски и други објекти. (Охрид-11, Струга-17, Кичево-14, Дебар-19), изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

