Охридските советници ќе одлучуваат за измени во Годишниот план за вработување воопштина Охрид.
На седницата закажана за утре предвидени се шест предлог одлуки.
Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид
Предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.
